Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи реагираше на изјавата на премиерот Мицкоски.
„„Лавот” Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче. На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш. Сила покажување на жена, наместо кај криминалци. Што значи тоа “ќе видиш ти”? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или ќе пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате. Што и да направиш сите ќе знаат дека е од тебе и дека е во функција на заштита на криминалот на ВЛЕН, Изет Меџити и Висар Ганиу! И престанете со приказната за “дестабилизација”, никој не верува на тоа. Ви се дестабилизира сѐ на вас кога немате одговор за криминалот. Кога ќе ве фатат со рачињата во медот. Тогаш е дестабилизација. Мицкоски, кога мафташе со наводниот фалсификат за “Пулс” за 15 минути постапи МВР. Две недели презентирам документи за флагрантен криминал, а полицијата не смее да прими пријава од мене. Ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува.Срам сте вие, не гордост“, пишува во ФБ објавата на Арсовска.
Претходно, прашан како ги коментира изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, премиерот Мицкоски одговори дека „има вистина во тоа“.„Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа