Скопјанка прегазена на крстосница во Скопје

 


Вчера во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Дебарска“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.И. од Гостивар, удрило во 67-годишната Т.Н. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

12.09.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега