Путин: Доколку се појават странски воени сили во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

 

Русија ќе ги смета сите странски војски што ќе се појават на територијата на Украина како легитимна цел за руски напади, изјави претседателот Владимир Путин.

„Што се однесува до можните воени контингенти во Украина, токму ова е една од првичните причини за конфликтот – вклучувањето на Украина во НАТО. Затоа, ако таму се појават какви било странски војски, особено сега додека траат непријателствата, претпоставуваме дека тие ќе бидат легитимни цели за руски напад“, предупреди рускиот шеф на државата.

Тој нагласи дека доколку се постигнат договори за долгорочен мир, нема да има смисла присуството на контингенти на НАТО во Украина.

„Русија ќе ги почитува безбедносните гаранции што мора да се изготват и за Руската Федерација и за Украина. Доколку се постигне долгорочен мировен договор, Москва целосно ќе го спроведе“, нагласи Путин. Рускиот лидер додаде дека сè уште не се одржани сериозни разговори за безбедносните гаранции со Русија. 

Кога станува збор за директни контакти со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин рече дека не гледа многу смисла во тоа, но дека Русија е подготвена доколку Киев предложи такви разговори.

05.09.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега