Пронајден починат 54-годишен маж во Велес
54-годишен маж вчера бил пронајден починат во куќа во Велес каде што привремено престојувал, потврдија денеска од СВР Велес.
Случајот бил пријавен во 17:00 часот, по што екипа од полицијата извршила увид на местото на настанот. Од Итната медицинска помош констатирале смрт без видливи траги на насилство.
„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Б.Ќ (54) од Велес е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта. Истрагата продолжува“, соопштија од СВР Велес.
19.05.2025 - 18:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа