Пронајден осомничениот кој запали „ланд ровер“ во Куманово

 


Завчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.П.(31) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 30.08.2025 на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово. Б.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава.

02.09.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега