Андоновски: Нема да копираме - ќе изградиме смарт Македонија

 

Дигиталната инфраструктура ќе биде моторот за напредок на иднината!, напиша на ФБ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 
Денеска учествував на панелот „Digital Innovation as a Driver of Growth in Emerging Europe“, организирана од Светска банка.
Ние нема да копираме други држави. Заложба на оваа Влада е да изградиме СМАРТ Македонија – каде што дигиталната доверба е реална, услугите функционираат, а секој граѓанин има фер пристап, без разлика каде живее.
Дигитализацијата во Македонија не е проект сам по себе, туку суштинска трансформација на институциите и општеството која носи ефикасност, намалена корупција, отчетност и транспарентност, додаде Андоновски на ФБ.

07.05.2025 - 17:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега