Ограбена фабриката Еурокомпозит во Прилеп

 


Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври - Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, при што биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

01.08.2025 - 13:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега