Од утре се затвораат улици во Кавадарци - почуваат подготовките за „Тиквешки гроздобер“
Поради подготовки за „Тиквешки гроздобер“, од утре улици околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, информираат денеска од Општина Кавадарци.
Оттаму појаснуваат дека поголемите настани од културно-уметничка, едукативна и забавна програма, ќе опфатат повеќе локации од градот.
- Дел од настаните се предвидени да траат и до еден часот по полноќ, а поради подготовките, уште од 3 септември, улиците околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму изразуваат надеж за разбирање и поддршка на настаните што следуваат. Посакаа овој „Тиквешки гроздобер“ да биде уште една убава приказна под отворено небо.
Традиционалната манифестација во Кавадарци ќе се одржи на 5,6 и 7 септември. Покрај традиционалниот тиквешки карневал, богатата музичка програма, мото рели, таблијада и други настани, планирани се и „Гроздоберска трпеза“ и „Тајна дегустација на вино“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа