Со автомобилот се обиделе да избегаат од полицијата - фатени двајца крадци од Гостивар
Гостиварската полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за две лица од гостиварско, кои извршувале кражби.
Се работи за 28-годишниот С.Е. и 35-годишниот Б.А. кои минатата ноќ додека се возеле со автомобил „нисан“ низ гостиварската населба Малеарди, не застанале на знак на полициска патрола, па набрзо потоа биле запрени на еден од излезите на Гостивар и лишени од слобода откако во багажникот од нивниот автомобил била пронајдена автоматска пушка со рамка и 17 куршуми, а при личниот претрес биле пронајдени две фантомки, два пара ракавици, јаже и пендрек на расклопување.
Со наредба на судија во претходна постапка, полицијата извршила претрес во нивните домови, а во куќата на С.Е. биле најдени повеќе предмети за кои се смета дека потекнуваат од извршени кражби. Двете лица од претходно се познати на полицијата како сторители на имотни деликти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа