Ѓорѓиевски по хаваријата во Кисела Вода: Град Скопје да си преземе мерки
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се огласи на Фејсбук по хаваријата која се случи во Кисела Вода.
- Еколошка хаварија се случи во Кисела Вода, градот Скопје да постапи! Објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на ГРАДОТ СКОПЈЕ на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување на хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината. Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија. Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството. Апелирам до градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности! Граѓаните немаат причина за вознемиреност, бидејќи од наша страна се преземени сите мерки за заштита, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа