ФОТО: Ова е скопјанецот од Ченто кој утрово падна со 11 килограми марихуана

 

Д.Ј. (24)  во текот на минатата година, од засега непознато лице од Албанија, купил неодредена количина на марихуана, која, дел ја препакувал за улична продажба и ја продавал на зависници од Скопје, а дел во посебно направен сад ја преработувал во хашишово масло, кое како наркотична дрога е појака од марихуаната и предизвикува силна еуфорична состојба кај зависниците. Продажбата на дрогата, најчесто ја вршел од својот дом, како и со своето возило, разнесувајќи ја на претходно договорени места на подрачјето на градот. 

 

Полицијата, по добиеното сознание дека пријавениот и покрај тоа што во 2009 година е кривично пријавен за недозволена трговија со хероин, се уште се занимава со недозволена трговија, превзеде интензивни оперативно тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази, при што вчера, од страна на полициски службеници, извршен е претрес во домот на Д.J. каде што се пронајдени и одземени околу 11 килограми марихуана и 12 шишиња од по 1,2 литри хашишово масло, две ваги и еден сад за дестилација. Целокупниот пронајден материјал од извршениот претрес е одземен и предаден за вештачење

19.03.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега