Уште еден скопјанец почина од грип

 

Од Клиниката за инфективни болести денеска информираат дека во текот на вчерашниот ден починал 80-годишeн пациент од Скопје, кај кој е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца A/H1/N1.

Пациентот еден ден бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка билатерална пневмонија, хронична срцева слабост, како и претходно прележан миокарден инфаркт и мозочен удар. И покрај спроведената антивирусна терапија и  напорите на лекарите, пациентот починал.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 100 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои 6 лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.

08.03.2014 - 12:40
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега