Алфите трагаа по двајца киднапери со „Тико“: Дечко од Скопје исчезна од пред ПМФ

 

23 годишниот скопјанец О.Ј. вчера бил грабнат од паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје, објавува Плусинфо.

Според досегашните информации, грабнувачите се идентификувани како И.С. (26) и В.С. (25). Тие го киднапирале момчето, го ставиле во своето „Тико“ и го однеле во парк-шумата Гази Баба.

Полициската единица Алфа интервенирала и грабнувачите биле пронајдени и приведени. Полицијата работи на откривање на причините за киднапирањето.

08.03.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега