Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33 на 15 проценти.
Како што истакна во објавата, „овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење поамбициозно трговско партнерство“.
Министерот Муцунски, исто така, посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, „оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина“.
-Остануваме целосно посветени на финализирање договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи, порача Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа