ФОТОГАЛЕРИЈА: Претседателката положи цвеќе на гробот на Карев

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републикатаположи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствуваше на панихидата во храмот „Св. Никола“. 

Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во Скопје, како и пред спомениците на АСНОМ и на првиот претседател на Президиумот, Методија Андонов – Ченто.

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

 

Вчеравечер, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на церемонијата на отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, којашто се одржа на месноста Гумење. На настанот беше прочитан Крушевскиот манифест и беа импровизирани традиционалниот напад на градот и пукањето од црешовото топче.

 

02.08.2025 - 12:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега