СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче
Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го прикажат Филипче како виновен, им пропадна во вода. Наместо да се повлечат и да се извинат за своите лаги и манипулации, тие продолжуваат безочно да лажат и обвинуваат, реагира СДСМ.
„ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако е на власт. Од утро до вечер се занимаваат со измислени афери за Филипче, бидејќи немаат ништо друго да понудат. Немаат реализирано ниту еден проект, а ветувањата од кампањата со кои ги изманипулираа граѓаните – останаа неисполнети. Затоа не им преостанува ништо друго освен да го вртат вниманието од своите неуспеси – но граѓаните тоа го препознаваат, и затоа се во паника.
Ниеден лажен напад на Филипче и секојдневни прес-конференции нема да ја поправат штетата што секојдневно ѝ ја прават на државата и на граѓаните. Уништија сè што беше макотрпно градено – ја уништија економијата, перспективите, надежта – и ја задолжија државата за три поколенија“, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа