Филипче од Штип: Владата ја изгуби врската со реалноста – СДСМ ќе биде вистинска алтернатива
Денеска, заедно со потпретседателката Кристина Костова се сретнав со членовите и граѓани во Штип, објави пред малку претседателот на СДСМ, Венко Филипче на својот ФБ профил.
„Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи, а платите остануваат исти или едвај се поместуваат. Луѓето се чувствуваат оставени сами, заборавени од оние што ветуваа дека ќе донесат промени.
За неполна година, оваа власт успеа да ја изгуби врската со реалноста. Наместо резултати, гледаме замајување, но и луксузирања на грбот на граѓаните. Наместо политика со грижа, гледаме ароганција и бегање од одговорност.
СДСМ ќе се обедини и врати на победничките патеки затоа што оваа Влада не испорача ништо од ветеното. Ќе продолжиме заедно, секој ден, насекаде низ државата, да зборуваме со луѓето, да слушаме, да учиме и да градиме вистинска алтернатива.
Благодарам Штип за поддршката“, истакна Филипче во објавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа