Бугарка убиена во Холандија, ја избодела сосетката
39-годишната Бугарка Саша Ненчева, која живеела во Холандија со својата 15-годишна ќерка, е убиена со нож во местото Снек, покраината Фризија.
Според локалните медиуми, таа била смртно избодена од нејзината сосетка во иста станбена зграда.
Инцидентот се случил на 30 април по 23 часот, кога вербална расправија меѓу Саша, нејзин пријател и сосетката ескалирала во физичка пресметка во ходник.
Сведоци тврдат дека првично Саша држела нож, но тој ѝ бил одземен и таа била избодена од Холанѓанката.
15.05.2025 - 12:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа