Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени по кои од полноќ ќе се продаваат нафтените деривати.
Во моментов бензинот чини 73 денари за 1 литар а дизелот 65 денари. Тоа е втора најниска цена во последните 2 години откако на крајот од минатиот месец дизелот се спушти на 64 денари а бензинот на 71,5 денари.
На светските берзи, суровата нафта од типот „брент“ скокна на околу 65 долари за барел откако во пресрет на викендот се спушти на 60 долари што беше најниска цена од февруари 2021 година.
Регулаторот новите цени ги објавува околу пладне.
12.05.2025 - 10:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа