Османи: Се чепне ли јазикот, нема веќе Рамковен договор

 

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во интервју за РСЕ зборуваше за политичката состојба во Македонија.

 -Изјавата на Ахмети по однос на локалните избори беше објаснување на ситуација доколку хипотетички законот за јазици би бил чепнат од страна на Уставниот суд. Тогаш, едноставно нема логика политичкото функционирање во државата, бидејќи тука се завршува со Рамковниот договор. Значи, првите два темела се веќе срушени, рече Османи.

Се осврна и на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

- Тоа што се прави после трагедијата во Кочани е селективна етничка, партиска, политичка поларизација за да се заштитат своите по секоја цена, вели тој.

12.05.2025 - 09:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега