Куновска: Златна виза за Дубаи се добива со инвестиција од половина милион долари

 

Поранешниот висок функционер на СДСМ Софија Куновска на Фејсбук „распали“ по СДСМ и лидерот Венко Филипче откако тој се пофали дека поседува златна виза за Дубаи.

Согласно регулативите на ОАЕ, златна виза се добива со инвестиција од најмалку 550 000 американски долари или ако имаш валидна лиценца за работа во Дубаи. А за да добиеш валидна лиценца за работа во Дубаи има два неопходни кумулативни услови кои мора да се исполнат: прво, да ти го признаат факултетот, во случајов медицинските дипломи на Филипче, второ да имаш минимум 5 години стаж во ОАЕ во дејноста за која си квалификуван. Ова значи дека Венко Филипче не можел да добие златна виза заради преговори за работа во болница во Дубаи, како што се правда, објаснува Куновска.

11.05.2025 - 14:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега