Филипче со честитка до Рама: Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.
„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.
„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, наведува Филипче во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа