Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

 

СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови. Нов скандал на повидок од страна на член на СДС, кој пред 2 дена бил фатен со дрога. На 09.05.2025г, од информации добиени од свиркач, бил уапсен Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, кој бил фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е веќе сериозен проблем во редовите на СДС. По Јон Фрчковски, Андон Стојков, сега повторно член на СДС, Слаѓан Марковски, фатен со 12 пакувања дрога, вели пратеникот Бране Петрушевски.

-Филипче нема каде да бега и да се скрие. Јавно го прашуваме Филипче, дали ќе се одрекне од Слаѓан Марковски, кој е активист на СДС? Дали ќе се одрекне и од Андон Стојков и Јон Фрчковски? Дали СДС со доаѓањето на Филипче, како чувар на местото на Заев, стана партија која секојдневно е поврзана со дрога и криминал? Македонската јавност има право да знае, а легитимно е да прашаме, дали Филипче има некаква поврзаност со членовите кои беа фаќани со дрога изминатиот период? Дали можеби и тој е влезен во некоја шема со дилање на дрога? Само пред да одговори, убаво да размисли. Да не испадне на крај како со златната виза за Дубаи, вели пратеникот.

11.05.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега