Зеленски им пуштил дронови на Русите: Путин тврди дека соборил над 100

 

 

Руските сили за противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ уништија и пресретнаа 105 украински беспилотни летала од авионски тип над регионите на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

– Во текот на изминатата ноќ од 21:00 до 04:00 часот по московско време, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 105 украински беспилотни летала со фиксни крила: 32 над територијата на Брјанската област, 22 над територијата на Воронешката област, 19 над територијата на Московската област, се наведува во соопштението.

Се напоменува дека десет дронови се соборени над територијата на Пензенската област, девет над територијата на Калушката област и шест над територијата на Белгородската област.

Исто така, силите за ПВО пресретнале по две беспилотни летала над териториите на Липецката и Самарската област и по едно беспилотно летало над териториите на Владимирската, Курската и Ростовската област, соопшти руското Министерство за одбрана.

06.05.2025 - 09:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега