Спасовски: Да ги почитуваме сите мерки за да се заштитиме

 

Премиерот Оливер Спасовски денеска ги повика граѓаните и покрај намалување на рестрикциите на движењето тие да ги почитуваат препораките и мерките за да се заштитат.

-Се намалуваат рестрикциите на движењето, но за да се заштитиме мора да останеме внимателни и да ги почитуваме сите мерки. Секој работен ден, од понеделник до петок дозволено e движење на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 наутро до 12:00, а за младите лица до 18 години од 13:00 до 19:00 часот. Се намалуваат и рестрикциите за движење за време на викендите. Дозволено е движење во сабота до 15:00. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 до 11:00, а за младите до 18 години од 12:00 до 15:00, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

При секое излегување надвор, додава тој, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита, затоа што на тој начин придонесуваме и за заштита на јавното здравје. Да бидеме одговорни, вели Спасовски, и да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавируисот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега