Приведен маж од Танушевци, во товарно возило превезувал стока без документи
Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Мирковци го лишија од слобода В.Р.(33) од село Танушевци, скопско.
При вршење на мотопатролна дејност, во село Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен" со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото констатирано е дека во него превезувал стока за која не поседувал никаква документација.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
01.08.2025 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа