Седум лица од Куманово и Липково заразени со коронавирус
Центарот за јавно здравје Куманово, регистрира седум позитивни лица на коронавирус, во последниве 24 часа, соопшти денеска, директорот на јавната здравствена установа, Ариф Љатифи. Од нив четворица се од Куманово, тројца од Липково.
Од почетокот на ширењето на коронавирусот, Центарот за јавно здравје извршил 1.886 тестови.
Во март биле извршени 251, додека во април 1.615 тестови.
25.04.2020 - 13:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа