МЗ: Се поништува јавната набавка за респиратори, компаниите кои го добија тендерот не можеа да испорачаат според договорот

 

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот, информираат преку соопштение од Министерството за здравство.

„Јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.

Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини“, пишува во соопштението.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега