Млада прилепчанка остана и без пари и без виза - посредникот ја блокирал
26-годишна жена од Прилеп на 4 август пријавила во Отсекот за внатрешни работи Прилеп дека била измамена за сума од 30.500 денари во периодот од 24 март до 24 јули 2025 година.
Според пријавата, жената била доведена во заблуда од лице кое се претставило дека е од Тетово и ѝ понудило посредување за добивање на работна виза. Во повеќе наврати таа му ги уплаќала договорените суми, по што лицето ја блокирало и ја прекинало целата комуникација. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
05.08.2025 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа