Пристигнаа резултатите: Османи негативен на коронавирусот, но станува во изолација
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за ковид-19 и дека резултатот е негативен.
Меѓутоа, посочува, треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе следува и второ тестирање.
Тој е еден од претставниците на владата кои завршија во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, за кој еден ден подоцна пристигнаа резултати дека е заразен со новиот коронавирус.
Покрај Османи, на состанокот беа и премиерот Оливер Спасовски и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми. Сите се во изолација
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа