Заев со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан: Лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање и трпение

 

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска испрати честитка до верници од исламската вероисповед и повика Муслиманите во своите домови  да ги извршуваат дневните молитви.

-Се наоѓаме во пресрет на светиот месец Рамазан кој освен што е еден од петте исламски столбови, истовремено го означува и почетокот на објавата на светата книга Коранот. Книга која што се почитува и практикува вековито од верниците на Исламската вероисповед.

Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот. Им посакувам на сите нив и нивните семејства лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање, милост, трпение, почит, хуманост и взаемна помош.

Минуваме низ период кога глобалната пандемија на коронавирусот го зафати светот, а мерките за заштита на здравјето на граѓаните доведе до затварање на вераските објекти, џамиите и другите места за молитви. Тоа сигурно нема да ги спречи верниците да ги обавуваат молитвите и верските обреди покрај нивните семејства и домови. Секогаш имајќи го предвид фактот дека грижата во зачувувањето на јавното здравје не е само медицинска туку  заедничка цел.

Молејќи го Господ за вашето здравје и посакувајќи ви лесен и прифатлив пост, заеднички да придонесеме во нашата земја да има радост, меѓучовечка толеранција и хармонија.- напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега