Димитриевски зачуден како Филипче не знаел дека тој е тестиран за коронавирус: „Информираност треба да има во рамки на министерството“
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на телевизија Алфа испрати уште една критика до министерството за здравство, Венко Филипче поради доцнењето на тестовите за опасниот коронавирус, што пак спречува создавање на реална епидемиолошка слика во градот.
-Во сите препораки, забелешки и заклучоци на штабот стои изречно дека резултатите од тестовите континуирано доцнат, доцнат по четири, пет, шест дури и до седум дена. И ние инсистираме бидејќи штабот не може врза база на реални резултати да добие реална епидемиолошка слика за да се креира од страна на штабот реална епидемиолошка карта за да знаеме каде да дејствуваме и како да дејствуваме и поради тоа точно е во недела бевме од страна на епидемилиологот тестирани. Мене ме чуди како тоа министерот Филипче не знаеше дека членовите на болницата кои што ги посети пред некој ден исто така беа тестирани и чекаа резултати, а он ги посети тогаш и не реагираше вака како што реагираше денеска. Но не знам за тоа ќе го прашате него. Инаку информираност треба да има во рамки на министерството, бидејќи министерството е тоа кое што го зема брисот, министерството е кое врши анализа и органи кои се директно под министерството го даваат резултатот. А моето прашање до него е зошто тестовите за штабот и општо Кумановци доцнат толкав долг временски период, а не се добиваат пронтно од ден на ден. А логично е кога ќе ви земат брис да добиете резултат веднаш. Сум разговарал и со луѓето во институтот за јавно здравје кои ги почитувам и ги охрабрувам максимално се изложени во овие тешки периоди и знам дека имаат технички проблеми, но видете ние сме должни како држава да обезбедиме ресурси и капацитети за непречено справување со епидемијата. Ако не можеме да го сториме тоа треба да побараме помош, кажа Димитриевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа