Филипче: Оздравени се 23 пациенти, потврдени се нови 107 случаи на коронавирус - влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата
Во текот на денот ја поставивме новата организација на начин на комуникација, вакво сценарио предвидовме дека може да се случи, имавме примери во повеќе земји, каде повеќе функционери поминаа низ оваа сиитуација, сите процеси остануваат под максимална координација со комунијација со сите јавно здравствени институции.
Во било кој момент ќе бидам достапен за претстваниците на медиумите, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн прес-конференција.
„На анкетата денеска беше утврдено дека ризикот за зараза во Куманово е многу мал заради маската која ја носев јас и колегите, но одлучив да работам од дома и да дадам пример на другите.
Денеска на Клиниката за инфективни болести заминаа 5 оздравени пациенти веќе негативни на дуплите тестови на вирусот во сосем добра општа состојба, а оздравени се уште 18 лица коишто се лекуваа во домашни услови. За жал имаме еден пациент од Струга на возраст од 50 години хоспитализиран на 27 март во крајно тешка состојба.
Во изминатите 24 часа потврдени се 107 нови случаи.
Бројот на заболени којшто го имаме денеска не треба да изненадува, ова е бројка којашто ја очекувавме. Сакам да кажам дека ова е уште еден сигнал и уште момент да апелирам до граѓаните да ги почитуваат сите мерки. Со овие новодијагностицирани случаи вкупната бројка изнесува 1081.
Изминатите 24 часа беа направени 660 тестови, вкупно 10422. На инфективната клиника примени се 11 нови пациенти.
Состојбата на пациентите во Битола и во Штип е стабилна, нема некоја значајна промена во однос на претходните денови.
Денеска разговарав со директорката на клиничката болница во Битола во врска со случајот кој е таму хоспитализиран, тој случај ќе го истражи Државниот санитарен инспекторат, па потоа ќе излеземе со соопштение.
Во врска со написите за вчерашната посета во Куманово, немавме информации дека таму на дел од членовите им бил земен брис. Имајќи превид дека одиме во регион каде има голем број нљ заболени, отидобвме заштитени. Со овој акт покажуваме дека сите сме еднакви и сите треба да ги почитуваме мерките и покрај заштитата којашто ја имавме ќе работиме од дома.
Тестот на починатиот притвореник од затворот во Шутка е негативен, таму продолжува активната работа на лекарите во смисла на лекување и прегледи, утре ќе го имам точниот број на изработени тестови.
Се направи тестирање на серулошки тестирања на скоро сите во смена во болницата во Куманово, тој процес ќе продолжи и во текот на следните денови, се скенира присуството на антителата и од 210 материјали кај само двајца вработени го има присуството.
Тестирани се и десетина трудници коишто се хоспитализирани на ГАК направени се истите серулошки тестови и сите тие тестови се негативни. Индикација беше што многу повеќе родилки и трудници се примени на ГАК.
Сакам да кажам дека категорично останувам на ставот дека не смее да има било какво групирање на граѓаните. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата каде бројот на новозаразени расте и не смееме да дадеме шанса за две недели од сега ни се јават нови пациенти од сега. Собирање од било каков тип е огромен ризик и апелирам граѓаните да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат на пораките“, кажа Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа