Заев во Виена се сретна со Ханес Свобода

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска во Виена, Австрија се сретнаа со Ханес Свобода, претседател на Меѓународниот институт за мир во Виена, член на одборот на Форумот за меѓународен дијалог „Бруно Крајски“ и поранешен координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент.

На средбата, информираат од СДСМ, изразена е заедничка согласност дека во Македонија мора да организираат и спроведат регуларни предвремени парламентарни избори на 11 декември, за потребата од функционирање на правото и правната држава, како и за итна потреба од враќање на земјата на демократскиот пат преку избор на легитимна Влада.

Претседателот Заев ги соопштил заложбите на СДСМ за кредибилни избори, како и Планот на СДСМ за добар живот во Македонија и отворање на блокираните перспективи на земјата.

- Имаме готови планови, што ќе направиме во првите шест месеци и во следните две години. Ќе го подигнеме стандардот на граѓаните и ќе овозможиме развој на домашните претпријатија и истовремено ќе го демократизираме општеството. Се обврзуваме на целосно спроведување на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, рекол Заев.

Вечерва во истакнатиот европски институт, „Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски“ претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе одржи предавање на тема „Македонија на крстосница“, заедно со поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент Свобода, како и со Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот „Бруно Крајски

 
 
10.10.2016 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега