Финансиска мега афеа: Вмешани неколку познати банки

 

Европските регулатори за заштита на пазарната конкуренција покренаа истрага против неколку познати банки под сомнение дека се договарале за цените на државните обврзници, пишува The Financial Times.

Регулаторите треба да утврдат дали банките формирале картел, а за таа цел од неколку трговци побарале информации за цените на меѓународниот долг, долгот на државите и на државните агенции.

Обврзниците на европскиот пазар ги издава Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и регионалните кредитори.

Весникот наведува дека истрагата е во почетна фаза. 

 
 
26.02.2016 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега