Неготино: Му украле 1.600 евра на улица
Две засега непознати лица синоќа му приредиле хорор на 26-годишниот М.А. од Сирија. Насилниците физички го нападнале и му одзеле 1.600 евра, а потоа го напуштиле местото на настанот.
М.А. бил пренесен во Медицинскиот Центар Неготино, каде му се констатирани телесни повреди.
Полицијата работи на откривање на сторителите.
Оцени ја веста
18.03.2015 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа