Мексико забранува претстави со делфини и китови
Употребата на китови и делфини за забава или храна е забранета со промена на законот за заштита на дивите животни, кој беше едногласно прифатен од Долниот дом на мексиканскиот парламент, а откако законодавната иницијатива беше усвоена од Сенатот.
Законот, меѓу другото, забранува употреба на делфиниуми и предвидува дека делфините во заробеништво мора да бидат сместени „во морски огради, а не во бетонски инсталации, како што се базени и акумулации“, објави парламентот, додавајќи дека законот предвидува преоден период насочен кон заштита на правата на вработените во делфиниумите, објави денес телевизијата VRT.
„Ова гласање претставува клучен чекор кон прекинување на експлоатацијата на китови, делфини и други морски цицачи за забавни цели“, соопшти Humane World for Animals.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа