Драма во Прилеп: Пожарникари спасија жена од бунар длабок девет метри

 

Вистинска драма преживеала прилепчанка откако паднала во бунар длабок девет метри, па ја спасувале завчера во Прилеп. Нсреќата се случувала во дворот на С.Л која од непознати причини паднала во сопствениот бунар, пренесува Дневник

За среќа пожарникарите навреме пристигнале  на местото на несреќата и ја спасиле жената

- Не знаме како паднала Со батериска ламба видовме дека е жива бо бунарот кој не беше обезбеден со камена ограда, туку на нивото на земјата со широчина на отворот од околу два метра. За да ја извадиме ја врзавме со јаже околу телото и ја кренавме. уја употребивме таа техника бидејќи водата беше многу ладна и постоеше опасност да ја игуби свеста, па мораше што побрзо да ја извадиме од бунарот, велат пожарникарите.

Прилепчанката откако била извлечена од ладните води на бунарот била пренесена веднаш во болница каде и била укажана првата помош.

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега