СТРАШНО ВИДЕО: Моментот на експлозијата во фабриката во Богданци
Гледач на Сител ги испратил овие снимки снимени неколку моменти по страотната експлозија во фабриката „Балкан гас“ во Богданци при што смртно настрадаа тројца работници.
Тројца работници починаа, а двајца се повредени во пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци, по експлозија во фабричките капацитети, потврдуваат од полицијата по првичниот увид.
Еден од вработените, кој се здобил со тешки изгореници и повреди е упатен на скопските клиники, а другиот е со полесни повреди во локалната болница.
Оцени ја веста
05.02.2015 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа