Ограбен весникот Нова Македонија

 

Редакцијата на „Нова Македонија“ во текот на изминатата вечер беше цел на крадци, кои успеале да украдат дел од техничката опрема на весникот

 

Станува збор за провална кражба извршена со обивање на заштитната решетка и кршење прозорец од редакцијата.

Вработените веднаш по доаѓањето на работа го пријавија случајот во полиција, по што екипи од МВР, меѓу кои и крим-техничари, извршија увид на местото на настанот. Точната бројка и вредноста на украденото с? уште се истражуваат, но според првичните процени, станува збор за штета од неколку десетици илјади евра. Истрагата за немилиот настан и идентификувањето на крадците се вршат со засилено темпо.

Неофицијално, украдени се компјутери и опремата на фоторепортерите.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:05
Фото: 
Нова Македонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега