Николоски и Трајановски извршија вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.
Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.
При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.
По целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште.
Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.
15.06.2025 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа