Драма во Количани: Жителите гневни нападнале полицајци

 

Стотина селани од скопското село Долно Количани на шумската полиција не и дозволиле да одземе 8 кубни метри дрва, нелегално исечени од нивен соселанец. Шумската полиција дрвата ги нашла во дворот на еден жител на селото, по што дошло до сериозен инцидент во кој селаните не и дозволиле на полицијата да си ја врши работата.

Мештаните тврдеа дека , шумската полиција по грешка влегла во двор , каде што немало незаконски исечени дрва , ги исплашиле жените и го малтретирале домаќинот.
Потоа дошла и полиција и припадници на специјалните единици и од страв и стрес две жени биле однесени во болница.

Состојбата ескалираше откако жителите на Долно Количани не дозволуваа да бидат одземени 8- те кубика дрва и излегоа сред село да протестираат против решението на шумската полиција. По патот кон скопското село Количани имаше голем број полициски единици со цел да не се дозволи ескалација на состојбата и нервозата кај жителите  да не прерасне во револт.

Од МВР го потврдувајте случајот како обид за попречување на нелегална сеча на дрва , при што жителите на Количани со камења гаѓале кон полициските возила .

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега