Родителите кои не ги однеле децата да се вакцинираат ќе плаќаат казни

 

Од јануари до јуни годинава, 71 родител заработи прекршочна пријава бидејќи не ги однеле децата да ги примат задолжителните вакцини, јави Здравство24.мк.

Порталот, повикувајќи се на информации од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пишува дека 8 од пријавите се за вакцината ХПВ, а 63 за останатите од календарот за имунизација.

Родителите ќе завршат на суд, а им се заканува казна од 300 до 650 евра бидејќи не го почитуваат законите каде е регулирано ова прашање.

Законски, вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца апит тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б.

29.10.2014 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега