ФОТО: Даниела ја победи болеста и ослабе 30 килограми

 

Пејачката Данијела Враниќ се бореше со болеста на штитната жлезда и прекумерната тежина, а имаше и низа психички проблеми, но успеа да се врати во нормала и дури ослабе 30 килограми. 

-И жени и мажи ми даваат комплименти. На луѓето им велам дека сега сум друга личност и дека поради здравствените проблеми станав како слон. Не можам да опишам како се чувствував, бев во катастрофална состојба. Верувајте ми дека килограмите не ми беа проблем, туку психата. Се чувствував како во затвор. Одрекувањето од храната ми беше најмал проблем, најтешки ми беа црните мисли, вели Данијела за српски Блиц.

Таа додава и дека ќе сними нов спот во кој ќе вложи многу пари .

27.10.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега