Приведена 21-годишна скопјанка - полицијата дома и најде дрога
Вчера во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(21) од Скопје.
При преглед кај неа и при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
23.07.2025 - 17:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа