Едвај спасил жива глава - Бугарин заврши во Ургентен во Скопје

 

На автопатот Куманово-Скопје 67-годишниот И.С.К. од Бугарија вчера управувајќи „Мерцедес“ со бугарска национална ознака, во кое превезувал 12 туби со хемикалии-киселини, забележал чад од просторот наменет за товар. Тој застанал со возилото и внатре забележал пожар, по што изнел надвор девет пластични туби со по 50 литри течност-киселини, а пожарот сам го изгаснал.

При гаснењето на пожарот тој се здобил со изгореници по телото, по што е пренесен во Медицински центар Куманово, од каде е префрлен во Ургентен центар Скопје.

Киселините се разлеани на коловозот, а сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за престигнување.

21.10.2014 - 14:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега