Во Србија 708 луѓе под медицински надзор поради ебола
Во Србија 708 луѓе се ставени под медицински надзор како превентивна мерка и со цел да се спречи евентуалното ширење на вирусот на ебола, соопшти српското Министерство за здравство.
Во соопштението се посочува дека 92 лица од нив допатувале од подрачја погодени од ебола.
- По појавата на првиот случај на заболен од ебола на територијата на Европа, потребно е да се зајакнат преземените мерки во здравствениот систем во Србија, во согласност во препораките на Светска здравствена организација, наведува Министерството за здравство.
09.10.2014 - 20:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа