Србија плаче: Погребана малата Ивана - мајката не собра сили да ја испрати ќерка си

 

„Денес не успеавме да сочуваме еден анѓел, не можевме да и помогнеме да стане. Ивана, те загубивме, ама засекогаш ќе бидеш во нашите срца“. 14-годишната Ивана која беше силувана, измачувана и убиена од монструмот Дарко Костиќ денеска беше испратена во вечното живеалиште. 

Од капелата, пред да се тргне кон гробот, нејзиниот класен раководител одржа потресен говор.

Молкот беше прекинат само од тешки силни викотници, предизвикани од болка и гнев. Како што пишуваат српските медиуми, мајката на Ивана не собрала сили да присуствува на погребот. Таа неколкупати се онесвестувала, па докторите постојано и ставале инјекции за смирување.

14-годишната Ивана Подрашчиќ  на 31 јули брутално ја силувал и убил Дарко Костиќ. Нејзиното тело беше пронајдено закопано во напуштена куќа на Петлово Брдо на 2.октомври.

09.10.2014 - 15:39


Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега