Голема полициска акција во БиХ

 

Во повеќе градови во БиХ во тек се претреси во полициска акција за разбивање организирана криминална група што се занимавала со шверц на луѓе, неовластено користење лични подаотци, кражба на возила, фалсификување документи и други кривични дела.

 Претреси се вршат на 13 локации во Бањалука, Бијелина, Дервента, во Тузланскиот и Зеничко-добојскиот кантон.

 Акцијата според полициски извори на кои се повикуваат босански медиуми, се врши во соработка со припадници на полицијата во Србија, Словенија и Германија.

08.09.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега