Министерот Тодоров поднесува кривична поради бактеријата листерија
Министерот за здравство, Никола Тодоров, ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител поради четирите жртви од бактеријата листерија.
Резултатите од првично земените мостри се негативни на оваа бактерија: - Не сум задоволен од резултатите кои се негативни и иако министерството за здравство не е директно надлежно за ова, ќе поднесам кривична пријава против непознат сторител и бараме детално да се испита случајот кој пуштил вакви производи во промет, како и детално да се анализираат сите аспекти за да се спречи евентуално нови жртви, истакна Тодоров.
Според министерот, можно е да има пропуст и да е пуштен во промет производ со листерија, но за земените над 300 мостри потребно е дополнително време за детална анализа.
-Наредив од сите продавници од местата каде живеат заболените да се земат мостри за испитување и подигнати се 47, а денес наредив да бидат земени брисеви и од машините на производствените капацитети, а не само од производите, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа